Студентските избори претставуваат можност студентите да го практикуваат своето демократско право на избор и да ги изберат своите претставници во Факултетското студентско собрание, а оттаму преку делегирање во Универзитетското студентско собрание. Студентските избори се важен процес за академската заедница, особено за студентското организирање имајќи предвид дека избраните студенти учествуваат во процесот на донесување одлуки во академската заедница.
Студентските избори се регулирани со Законот за високо образование.
Право да избираат и да бидат избрани за членови на факултетското студентско собрание имаат сите студенти на факултетот, кои се запишани на студии во учебната година во која се избира факултетското студентско собрание. Мандатот на членовите и на претседателот на факултетското студентско собрание трае една година, со право на уште еден избор. Изборот на членовите и на претседателот на факултетското студентско собрание се одржува секоја година во термин утврден со статутот на универзитетското студентско собрание. Изборите за членовите на факултетското студентско собрание ги распишува деканот во рок од 30 дена пред нивното одржување. Во одлуката за распишување на избори Деканот именува изборна комисија составена од студенти и наставници, односно соработници која ги спроведува изборите за членови на факултетското студентско собрание. Мнозинството на членови на изборната комисија ја сочинуваат студентит
Доколку деканот на факултетот не ги распише изборите за факултетското студентско собрание во определениот рок, изборите ги распишува ректорот на универзитетот во рок од три дена од истекот на рокот од 30 дена.
Постапката за избор и бројот на членовите на факултетското студентско собрание, како и органите на факултетското студентско собрание и начинот на нивниот избор се уредуваат со статутот на факултетот во согласност со статутот на универзитетот.