Факултетско студентско собрание

Факултетското студентско собрание е тело на факултетот во кое членуваат претставници на студентите и истите се бираат на непосредни, фер и демократски избори со тајно гласање. Право на глас, како и право да се кандидира, има секој студент кој е запишан на факултетот, на студии во учебната година во која се избира факултетското студентско собрание.

Мандатот, односно правото да се биде студентски претставник е ограничен на една година со можност за повторен реизбор.Изборите за преставници на факултетското студентско собрание ги распишува деканот на факултетот во рок од 30 дена пред нивното одржување, каде што се формира посебна изборна комисија чие мнозинство е составено од студентите.
Начинот на избор и бројот на членовите на факултетското студентско собрание како и неговите органи се уредуваат со статутот на факултетот.

Работата на факултетското студентско собрание се финансира со средства на факултетот.
Со факултеткото собрание претседава претседател кој се избира на непосредни и тајни избори.

Претседателот на факултетското студентско собрание ги извршува одлуките на факултетското собрание, ги извршува одлуките на факултетското студентско собрание, ги застапува студентите и факултетското студентско собрание.