Историја на студентско организирање во РМ

Студентското организирање во Република Македонија никогаш не било предмет на посебно законско регулирање и неговите основи може да се најдат во поранешниот закон за високо обрзование. Во овој закон, учеството на студентите во процесите на донесување на одлуки во високото образовани беа гарантирани со тој закон и тоа како права и обврски на студентите. Поранешниот закон предвидуваше дека студентите учествуваат во управувањето со високообразовните установи преку претставниците кои ги избираат во студентскиот парламент на универзитетот, односно на самостојната високообразовна установа, студентскиот интеруниверзитетски парламент, во оганите на високообразовните установи, преку формите на самоорганизирање или на друг начин според условите утврдени со закон и статут на високообразовната установа.

Законот не нудеше објаснување во врска со тоа што се мисли под термините студентски интеруниверзитетски парламент или пак форми на самоорганизирање, ниту пак како понатаму се уредуваат студентските парламенти. Законот упатуваше само кон статутите на оддлените државни универзитети.

До стапување на новиот закон за високо образование, Студентскиот парламент на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје беше репрезентативното тело на студентите.

Притоа, Студентскиот парламент на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје се смета за правен наследник на Сојузот на студенти при Универзитетот во Скопје, основан во 1949 година. Од 1991 година, оваа организација го менува своето име во Сојуз на студенти при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје (ССУКМ. Во 2008 година оваа организација го менува своето име во Студентски парламент при УКИМ ( СПУКМ).

Со стапување на сила на новиот закон за високо образование СПУКМ е заменет со ССУКМ односно со Студентското собрание на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје.