Гласањето на студентските избори, односно гласањето за студентските претставници се одвива на матичниот факултет на студентот.Со цел гласањето да биде фер и демократски, потребно е да бидат исполнети неколку услови. Односно, потребно е да биде обезбеден простор, параван, во кој што студентот/студентката ќе може тајно да го оствари своето право на глас. Потребни се избирачки списоци кои ќе ги содржат податоците на студенти од матичниот факултет во тековната студиска година. Избирачките ливчиња треба да бидат обележани со печат од изборната комисија со цел да не дојде до изборни нерегуларности.