Кои се моите студентски права?

Студентот има право на:

1. квалитетни студии и образовен процес како што е предвидено со студиските програми,

2. слободно искажување на мислење и ставови во текот на наставата и другите активности на високооб- разовната установа,

3. право на изјаснување за квалитетот (оценување) на наставата и наставниците,

4. редовно студирање и статус на редовен студент и право на вонредно студирање и статус на вонреден студент,

5. редовно да напредува, да се образува и да го заврши студирањето под услови кои важеле при уписот,

6. запишување и образование под еднакви услови утврдени со закон, статут и студиска програма,

7. учество во управувањето со високообразовната установа согласно со овој закон и статутот на високо-образовната установа,

8. заштита на своите права и должности пред органите на високообразовната установа и

9. заштита на личноста на студентот од злоупотреба и на неговото достоинство.

Студентот има право и да:

1. студира истовремено на повеќе студиски програ- ми од различни специјалности и да изучува дополнителни курсеви,

2. ги продолжи студиите на друга високообразовна установа ако високообразовната установа на која е запишан престане со работа,

3. ги користи библиотеката и базите на податоци, просторот, опремата (учебните помагала), софтверот и друга научна и стручна инфраструктура на универзитетот и неговите единици, односно на самостојната високообразовна установа,

4. учествува во научно-истражувачката, уметничката и стручната дејност при што му се гарантираат авторски, пронаоѓачки и слични права и награди,

5. избира и да биде избиран како претставник на студентите во органите на високообразовните установи,

6. користи услуги на студентскиот стандард (сместување, исхрана, здравствена заштита и друго), градски и меѓуградски превоз според условите утврдени со закон од вршителите на соодветните дејности,

7. ги користи универзитетските објекти за спортска и културна дејност,

8. преминува од една на друга високообразовна установа, односно од едни на други студии и при тоа да ги користи погодностите на кредит системот,

9. учествува на работата на студентските организации,

10. учествува во формите на организирање на студентските организации утврдени со статутот на универзитетот,

11. ги продолжи студиите што ги прекинал под услови определени со статутот на високообразовната установа,

12. користи распуст не помалку од 60 дена во рамките на една календарска година,

13. добива државни или други стипендии или да користи финансиски кредит за издршка за време на школувањето,

14. остварува соработка со студентите во земјата и во странство и

15. остварува и други права согласно со закон и со статутот на високообразовната установа

ДАТУМ НА ИЗБОРИ

img

xx

img

Преостануваат уште:

-2195ДЕНА -12ЧАСА -43МИНУТИ -15СЕКУНДИ
img

Како да се кандидирам?