Што е студентско организирање

Студентските организации, како и студентските собранија претставуваат облик на студентско организирање чија примарна цел е да ги претставуваат и да ги бранат интересите на колективното студентско тело.

Под застапување на интересите на студентите се подразбира дека токму овие собранија и парламенти треба да претставуваат сервис за услуги и помош на самите студенти.

Впрочем, студентите како една од најранливите групи во современото општество треба секогаш да можат да сметаат на поддршка од овие организации, особено кога станува збор за студентските права и интереси.