Статусот на студент, а со тоа и член на академската заедница, се стекнува со запишување на прв, втор и трет циклус студии на универзитет, односно на самостојната висока стручна школа. Статусот на студент се докажува со студентска легитимација. На студентот му престанува статусот на студент во високообразовната установа според условите и постапката утврдени со статутот на високообразовната установа.
Статусот престанува ако студентот:
- дипломира,
- не ги заврши студиите во рокот утврден со закон, статутот или правилата за студирање на високообразовната установа,
- се испише,
- е исклучен и
- во други случаи утврдени со правилата за студи- рање на универзитетот и на единицата на универзитетот, односно со статутот на самостојната висока стручна школа.
Статусот може да биде обновен според постапката утврдена со статутот на ви- сокообразовната установа, освен ако статусот не престанал со трајно исклучување. Трошоците за обновување на статусот ги поднесува студентот, а истите се определуваат со општ акт на универзитетот,односно самостојната високообразовна установа.
Студентот е рампноправен член на академската заедница. Оваа заедница ја сочинуваат: професорите, асистентите, помладите соработници на факултетот, деканите, ректорите, студентите и лицата избрани во наставно-научни, научни, наставни и стручни звања. Редовните професори остануваат членови на академската заедница и по нивното пензионирање.
Членовите на академската заедница на универзитетот се должни да го применуваат Етичкиот кодекс на универзитетот. Тие имаат исти научни и стручни цели. Тие треба да ги негуваат вредностите на меѓусебно почитување и грижа за извршување на академските функции.
Преостануваат уште: