Студентскиот правобранител претставува студент или студентка чија примарна работа е заштита на правата на студентите. Тоа значи дека секој пат кога студентот или студентката смета дека се прекршени неговите/нејзините права, треба да се обрати кај правобранителот со цел решавање на конкретниот проблем.
Условот за станување на студентски правобранител е единствено статусот на редовен студент на универзитетот, што значи дека оваа функција е широко достапна за сите оние студенти кои се гледаат себеси како луѓе кои сакаат да ги решат студентските проблеми преку институционален пат.
Во врска со процедурата за станување студентски правобранител, таа е составена од неколку фази, меѓу кои , објавување на конкурс од страна на Универзитетското студентско собрание, па понатаму гласање со мнозинство гласови од страна на Сенатот на Универзитетот.
Студентскиот правобранител може да постапи по поднесок од страна на студент кој смета дека му се прекршени правата од страна на органите на Универзитетот или друг член на академската заедница (професор, студент) или пак по сопствена иницијатива, односно тогаш која тој/таа ќе увиди дека има одреден проблем и интервенира.
Студентскиот правобранител за својата работа пондесува извештај до Сенатот на Универзитетот.