Студентско организирање

Учество на студентот во управувањето

Учеството на студентот во органите на универзитетот или факултетот односно на самостојната високообразовна установа преку студентското собрание на универзитетот или факултетот, придонесува кон третирање и акцентирање на значајни прашања за студентите во органите во кои се носат значајни одлуки за процесите на високото образование.

Во овие тела, студентот рамноправно одлучува заедно со професорите, асистентите, деканите и ректорот на универзитетот за важни прашања кои се однесуваат токму на студентите. Така, во овие тела се одлучува за висината на партиципацијата на факултетите, укинувањето и воведувањето нови студиски програми, одделувањето на
фондови за истражувачка работа на студентите, унапредување на библиотечниот систем на факултетите и други суштествени работи поврзани со студирањето на студентите.