Универзитетското студентско собрание е тело на универзитетот во кое членуваат претставници на студентите на универзитетско ниво.
Универзитетското студентско собрание ги штити интересите на студентите, учествува преку свои претставници во одлучувањето во органите и телата на универзитетот и ги претставува студентите во рамки на високото образование како членови на академската заедница.
Универзитетското студентско собрание има надлежност да избира студентски претставници во Сенатот и другите органи и тела на универзитетот, каде што студентите заедно со професорите и другите членови на академската заедница заедно и рамноправно носат одлуки. Универзитетското собрание го предлага и студентскиот правобранител пред универзитетскиот сенат а и се грижи за квалитетот на студентот и квалитетот на процесот на студирање, студентскиот стандард, остварување на студентските права и интереси и за студентската културна, социјална и интелектуална надоградба.
Универзитетското студенско собрание може и да им предложи на органите на управување, како што се ректоратот, деканската управа и слично, финансирање на студентски активности. Исто така, собранието и поттикнува студентски активности и надвор од наставниот процес.
Универзитетското студентско собрание е составено од преставници на студентите именувани од редот на претставниците избрани во факултетското студентско собрание. Тоа значи дека откако ќе бидат избрани студентските преставници во факултетското студентско собрание, по систем на делегација, двајца студенти од факултетското студентско собрание ќе бидат делегирани на универзитетско ниво и истите ќе станат претставници односно членови на универзитетскто студентско собрание. Претседателот на универзитетското собрание се избира од редот на претставниците именувани во универзитетското студентско собрание. Неговиот мандат, како и мандатот на членовите односно претставниците на универзитетското студентско собрание трае една година со право на уште еден избор.